Автобус на струшки Еуро бус завршил во Женевското езеро!
Објавено на 3 јуни, 2013 во 19:52
Автобус без патници, сопственост на автопревозникот Еуро бус од Струга потонал во водите на Женевското езеро во Швајцарија, пренесе А1.он.
Засега нема точни информации за причините на потонувањето на автобусот. Во автобусот немало патници, а во него не бил ниту возачот.
Од полицијата во кантонот Вауд изјавиле дека најверојатно дошло до лизгање на автобусот кој бил паркиран во близина на езерото. Има најави дека иако бил целосно потпоен за кратко време ќе биде извлечен од езерото.