(ВИДЕО) Извлечен автобусот на „Еуробус“ од Женевското езеро!
Објавено на 4 јуни, 2013 во 08:20
Пожарникари го извлекоа автобусот на струшки „Еуробус“ што падна вчера во Женевското Езеро, пренесе А1.он.
Автобусот пред да заврши во езерото бил паркиран пред маркет во местото Вевеи на нерамен терен, а патниците излегле неколку минути претходно, соопшти полицијата. Се утврдуваат причините за паѓањето на автобусот во вода и првично се претпоставува дека најверојатно имало проблем со сопирачките.
Швајцарската полиција извршила детална проверка и разговор со возачот на автобусот откако го извлекла од езерото.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=EXY7cPPPG_E{/youtube}