СДСМ го доби советот во Берово!

Објавено на 21 јуни, 2013 во 14:59

Мнозинство во советот на општина Берово по двомесечните политички превирања доби советничката група на СДСМ, откако советникот на Либералната партија, Јован Матеничарски одлучи да коалицира со социјалдемократите.

Сега  СДСМ има еден советник повеќе од ВМРО – ДПМНЕ, со однос 8 спрема 7, со што ќе го има конечниот збор при носењето на одлуките.

Со именувањето на Матеничарски за Претседател на Советот на општината, конечно се создадоа услови за конституирање на Советот и избор на неговите комисии и тела.

Градоначалникот на Берово, Драги Наџински, кој инаку е од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, му го честиташе изборот на Матеничарски за нов претседател.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.