Објавени резултатите од државната матура!

Објавено на 7 јули, 2013 во 14:56

Најдобри матурантите од битолската гимназија  „Јосип Броз Тито“ а по нив матурантите од „Раде Јовчевски Корчагин“ и од “Орце Николов“ потоа на ранг листата следуваат матурантите од охридската гимназија „Климент Охридски“ и од „Ѓорги Димитров“ од Скопје.

Просечната оценка од полагањето на државната матура годинава е 3,18 и е повисока од минатогодишната што изнесуваше 3,09.
Прелеминарните резултати Државниот испитен центар веќе ги дистрибуира до училиштата и во електронска форма ќе бидат достапни утре, а задутре и на огласните табли.

Матурнатите што нема да поднесат приговор на резултатите ќе можат да ги сметаат за конечни прелеминарните резултати.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.