Во пресрет на есенскиот извештај на ЕК, Бесими на средба со министерот Цветков

Објавено на 10 септември, 2014 во 15:00

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска, во пресрет на есенскиот извештај на Европската комисија, се сретна со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и со претставници на aгенциите за храна и ветеринарство и за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

На средбата, како што информира Секретаријатот за европски прашања, е разговарано за степенот на подготовка на законските и подзаконските акти, со цел усогласување на националното законодавство со правото на Европската унија во делот на земјоделската политика.

Разгледан и е степенот на искористеност на средства кои стојат на располагање преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА, а кои се од особена важност за реализација на реформите во земјоделството.

Вицепремиерот Бесими истакнал дека европските фондови се наменети пред се за подобрување на животот на граѓаните и оти се од клучно значење за приближување на земјата кон Европската унија.

Од СЕП најавуваат дека посетите на вицепремиерот Бесими ќе продолжат со сите институции корисници на ИПА фондови со цел информирање за сите аспекти од користењето на ИПА.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.