Заев и Курц во постојана комуникација за теорористичкиот напад во Виена
3.11.2020
Премиерот Зоран Заев денеска оствари комуникација со неговиот австриски колега Себастијан Курц во врска со терористичкиот напад што синоќа се случи во Виена, при што се убиени четири лица, а повредени се најмалку 17.
Од Владата за МИА информираа дека Курц изразил благодарност до Заев поради искажаната солидарност и поддршка.
-Премиерите изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со теорористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба, велат од Владата.
Претходно од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека австриската полиција преку Европол доставила барање за соработка и информации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се постапува.
