Во вторник започнува вакцинацијата против сезонскиот грип
Објавено на 6 ноември, 2020 во 18:56
6.11.2020
„Сакам да информирам дека се пристигнати вакцините за сезонскиот грип и дека истите ќе можат да се примаат веќе од вторник“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
Тој информираше дека за време на викендот, ќе се направи дистрибуција и пунктовите за вакцинација ќе се подготват.
И покрај тоа Филипче повторно апелираше на дисциплина и солидарност кај граѓаните, како и фактот дека клучот во целата битка е придржувањето на мерките. Потенцираше и дека не само кај нас, регионално и светски, состојбата е навистина загрижувачка.
