ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја стави Македонија на високото петто место во Европа, по смртност од ковид-19, од вкупно 33 држави во Европа

Објавено на 12 ноември, 2020 во 09:52

zgradaVMRO fin

12.11.2020

„Неспособниот Филипче ја стави Македонија, во последниве две недели на високото петто место од вкупно 33 европски држави по стапката на смртност од ковид-19 на 100 илјади жители“, пишува во соопштението на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Во него додаваат:

„Гробарот Филипче секој ден закопува членови на многу семејства. Филипче ги има сите ресурси да помогне, а што направи тој целосно потфрли! Секој ден трагедии за многу семејства. Секој ден огромни загуби на човечки ресурси во општеството. Нема терапија се секого и секаде, нема услови за лечење на болните, медицинскиот кадар е исцрпен, здравствениот систем нефункционален, и сето ова поради Филипче. Време е за оставка и одговорност, потенцираат оттаму, Филипче оставка – веднаш!“

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.