Поради магла, видливост на планинските премини Ѓавато, Пресека и Буково е намалена на 50 до 100 метри

Објавено на 22 декември, 2020 во 07:38

magla fin

22.12.2020

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Поради појава на магла, видливост на планинските премини Ѓавато, Пресека и Буково е намалена на 50 до 100 метри.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.