Променливо облачно и натпросечно топло време

Објавено на 30 декември, 2020 во 09:00

vremenskaprognoza fin

30.12.2020

Денеска ќе преовладува променливо облачно и натпросечно топло време со умерен до засилен јужен ветер, на места и околу 80 км./ч.

Попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта и во четврток ќе се прошират на секаде, а на места ќе бидат и поројни. На планините во западните делови врнежите ќе бидат од снег.

До вечерните часови, врнежите речиси на секаде ќе престанат, па за време на Новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде сè уште ќе биде пооблачно со услови за слаб дожд, а на планините слаб снег.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.