МВР идентификува уште еден член на „Јавна соба“, но тој е на Малта
29.01.2021
Продолжува да се одмотува клопчето на срамната група „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм, во која до вчера над 8 000 лица со лажни имиња и скриени телефонски броеви споделуваа дикредитирачки фотографии и недолични и навредливи коментари за жени, девојки и малолетнички од земјава.
Идентификуван е уште еден член на групата, но тој е на Малта, па МВР очекува помош од тамошната полиција.
Групата од вчера не постои, а досега за овој скандалозен случај на злоупотреба на лични податоци и малтертирање, уапсени се четири лица – две од Битола и по едно од Штип и Велес.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека се идентификувани и други членови и ќе има и нови апсења.
За „Јавна соба“ за прв пат се слушна лани, а овој случај во Обвинителството уште е во предистрага и се работи на вештачење на телефони и на барање докази за кривично дело.
Во меѓувреме се појави „Јавна соба 2“, а според МВР има и други слини групи на чие затворање се работи.