УХМР: Не очекува стабилно време, дневните температури ќе стигнат и до 20 степени
Објавено на 2 февруари, 2021 во 11:22
02.02.2021
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален дожд. Максималната температура ќе биде во итнервал од 10 до 18 степени.
Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури, што ќе предизвика и топење на снежната покривка на планините, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи.
Минималната утринска температура ќе се спушти до минус два, а максималната дневна температура ќе достигне до 20 степени.
Стефани Манева
#УХМР #ВременскаПрогноза #Температура #СтабилноВреме
