АМСМ: Возете внимателно, намалена видливост до 50 метри во Охрид
Објавено на 4 февруари, 2021 во 09:54
04.02.2021
Авто-Мото Сојуз на Македонија известува дека сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози , но поради магла, видливоста е намалена до 50 метри во Охрид.
Се препорачува прилагодена брзина како и почитување на сите сообраќајни знаци. Ова посебно значи за патиштата кај котлините, речните долини и клисурите, каде има појава од утринска магла и можност за појава на одрони. Внимателно возење на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Стефани Манева