До четврток топло од петок дожд
01.03.2021
Времето претпладне ќе биде сончево и свежо, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и засилен ветар од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветар. Минималната температура ќе се спушти до -3 степени, а максималната ќе достигне 14 степени.
До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветар. Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.