УХМР: Денеска ќе преовладува сончево време од петок облачно со дожд
Објавено на 3 март, 2021 во 08:25
03.03.2021
Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец, со максимална температура до 18 степени.
Во текот на утрешниот ден ќе се задржи сончево време со со утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нула. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, на планините снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.
Стефани Манева