Заев најави 21 000 вакцини на Фајзер до крајот на март: Направивме повеќе од доволно за имунизација на нацијата
Објавено на 4 март, 2021 во 10:48
04.03.2021
Премиерот Зоран Заев посочи дека до крај на март ќе имаме 21 000 Фајзер вакцини и не се работи за никаква несериозност туку единствената причина е недостатокот на количините.
-Сакам да му гарантирам на нашиот народ дека имаме направено повеќе од доволно, за да ја имунизираме нацијата. Верувам дека денови се во прашање, и сите треба да се вакцинираме, истакна тој.