АМСМ предупредува на внимателно управување на моторните возла на дел од патштата

Објавено на 6 март, 2021 во 08:26

odron fin

06.03.2021

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќај.

 Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.