УХМР: Денеска и утре променливо облачно време со повремен дожд
09.03.2021
Времето денеска ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места.
И утре ќе преовладува променливо облачно време и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Преку ноќта и утре во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места во северните делови.
Од овој влажен бран врнежите ќе бидат пообилни на западот (над 25 л/24ч) особено преку ноќта и утре претпладне кога во републиката ќе започне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час). Потоа следува период на стабилно и се потопло време.
Стефани Манева