АМСМ: Врнежи од снег на неколку патни правци, сообраќајот се одвива без забрани
09.03.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка, Маврово, Стража и Пресека но во моментов не се задржува подолго на коловозот.
Авто Мото Сојуз на Македонија, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Стефани Манева