УХМР: Денеска сончево но постудено време, за викендот пораст на дневните температури
Објавено на 11 март, 2021 во 08:27
11.03.2021
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и постудено преку денот. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено претпладне и поизразен вдолж Повардарието.
Утре и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура. Нови врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во понеделник.
Стефани Манева