Видео: 20 прекршувања на забраната за движење, 417 санкции за неносење маска
Објавено на 16 март, 2021 во 09:41
16.03.2021
Во изминатото деноноќие за време на полицискиот час кој почнува од 22 часот до 05 часот наутро, констатирано е дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење. Исто така, во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.