Британската мутација на ковид-19 доминира, земјава е на половина пат кон создавање на колективен имунитет
16.03.2021
Британската мутација на ковид 19 го зголеми бројот на новозаразени и на хоспитализирани. Висок број на заболени покрај тоа што секојдневно се регистрираат во Скопје, забележано и пораст во Кавадарци, Прилеп, Неготино и Охрид.
Земјава е на половина пат кон создавање колективен имунитет.
Според анализите на Институт за имунологија, коронавирусот е повеќе проширен кај младите под 30 години а секој трет скопјанец стекнал имунитет на Ковид-19.
Теренскиот скрининг бил направена пред четири дена во општини Аеродром, на две локации во Центар, Чаир и Карпош на околу 1000 случајни минувачи.
-Секој трет човек што шета по улица има поминато и има имунитет на оваа болест. Старосна – кај групацијата под 30 години имаме почеста преваленција. Ако вкупниот 31% кај изолираната група е 39% повеќе проширен е кај младите. Ретко слушаме дека некој стигнал до болница. Да знаеме до каде сме и уште колку ни треба. Околу 70 малку помалку % ќе имаат имунитет, вели Проф. Д-р Александар Петличковски.
Тој додава дека разулатите кажуваат дека земјава е на половина пат кон создавање колективен имунитет, за што е потребно болеста да ја прележат најмалку 60 отсто од граѓаните.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.