Заменик министерот за здравство Хасани, посочи дека болничките кревети се полнат додека забавата во кафулињата не престанува
Објавено на 16 март, 2021 во 12:59
16.03.2021
На својот фејсбук профил, се огласи заменик министерот за здраватво, Илир Хасани и посочи дека преполните угостителски објекти можат скапо да чинат.
„И додека болниците се преполни со пациенти поради компликации од Ковид19, па скоро и во приватните болници тешко се наоѓа слободен болнички кревет, сепак забавата не застанува во кафичи и кафеани. Ова невнимание скапо ке не кошта. Внимание, внимание, внимание додека не е многу доцна“, истакна Хасани во својата фејсбук објава.