АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
18.03.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Страцин и во Крива Паланка, но не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
На ден 19.03.2021, во петок, на патниот правец А2 Кичево – Охрид , на делницата Пресека – село Врбјани,поради изведување градежни работи сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12.00ч – 15.00ч во времетраење од 15 – 20 минути.
Авто Мото Сојуз на Македонија, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.