(ВИДЕО) Чибишев: Комисијата за заразни болести да побара одложување на пописот
Објавено на 20 март, 2021 во 15:44
20.03.2021
„Добиваме ветување дека ќе имаме вакцини до крајот на 2020 година, но не добивме, па јануари, па февруари, помина февруари, а сега добиваме ветување дека на крајот од март или почетокот на април ќе имало вакцини, ама и тоа се земало со доза на резерва, значи нема да имаме ни во април туку ќе останеме да се снаоѓа кој како може“, изјави денеска Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ.
Би сакал да ги повикам колегите од Комисијата за заразни болести, да се одважат и да се надминат себе си, и да донесат одлука и да и предложат на владата да го одложи пописот кој е планиран за месец април, инаку вие знаете дека последиците од пописот ќе бидат катастрофални по здравјето и животите на граѓаните“, повика Чибишев.