МВР: 28 прекршувања на забраната за движење
Објавено на 21 март, 2021 во 10:41
21.03.2021
Од 22 часот (20.03.2021) до 05 часот (21.03.2021) констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти МВР.
Во текот на изминатото деноноќие пак (19/20.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.