МВР : Голем број на граѓани повторно не носат маска, корона вирусот се побрзо се шири
Објавено на 23 март, 2021 во 12:26
23.03.2021
И покрај високиот број новозаразени од корона вирусот, за мерката за носење на лична заштита на лице регистрирани се 365 прекрошоци на ниво на територија на Македонија.
Исто така 13 граѓани не ја почитувале забраната за движење на време на полициски час.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и Министерство за здравство, сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.