Заев: Очекувам масовно прифаќање на вакцините Астра Зенека
Објавено на 26 март, 2021 во 09:36
26.03.2021
Премиерот Зоран Заев за вакцините од Астра Зенека, но и целиот процес на имунизација кој следува во земјава очекува масовно прифаќање на вакцините.
„Синоќа беше потврдена информацијата за пристигнувањето на вакцините од Астра Зенека и со тоа ќе ја започнеме масовната имунизација во земјава. Бидејќи се прима само една доза, со оваа пратка ќе бидат опфатени 24.000 граѓани кои ќе бидат вакцинирани. Јас очекувам масовно прифаќање на вакцините од граѓаните, и бидејќи сме помеѓу последните, можеме да заклучиме дека вакцините се здрави и имавме можност да ги гледаме реакциите низ светот. Апелирам за почитување на мерките и верувам дека ќе ја надминеме оваа здравствена криза“, истакна Заев.