Груби разговараше за пописот и со претставници на бошњачката заедница
26.03.2021
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби имаше средба со претставници на граѓанското општество од бошњачката заедница во Република Северна Македонија, на која станало збор за пописот во земјата, што официјално започнува на 1 април.
Како што соопшти Кабинетот на Груби, на средбата што се одржала вчера, било разговарано да се апелира до населението и особено до бошњачката заедница да се регистрираат што е можно повеќе на пописот.
– Од друга страна, Груби истакна дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е достапно за сите и заедничк глас на сите заедници и посветеноста на сите за меѓусебните права можат да донесат еднакво општество во земјата. Груби е ставен на располагање на заедниците за успешно завршување на пописот во 2021 година, се наведува во соопштението од Кабинетот на првиот вицепремиер.
Соговорниците разговарале и за другите општествени случувања, фер и соодветна застапеност.