Лицата кои се откажале од македонско државјанство не можат да се попишат
Објавено на 29 март, 2021 во 08:47
29.03.2021
Државниот завод за статистика најостро ги демантира информациите што се појавија во јавноста, дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство. Тоа се дезинформации.
-Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на Министерство за внатрешни работи. По вкрстување на базите, оние лица коишто ги нема ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број, објавија од Статистика на профилот на Фејсбук.
Државен завод за статистика, дејствува по сериозна методологија и се води по најстрогите и најсовремени стандарди на проверки при попишувањето и секој обид за дезинформирање и манипулирање со населението ќе биде веднаш демантиран и разобличен.
