Министерот Спасовски даруваше крвна плазма за болните од ковид-19
Објавено на 29 март, 2021 во 12:03
29.03.2021
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку својот фејсбук профил информираше дека денеска дарувал крвна плазма за пациентите болни од вирусот ковид-19.
–Дарувањето крвна плазма во овие моменти е од круцијална важност за да го победиме заеднички Ковид-19. Ги охрабрувам сите коишто закрепнале од Ковид-19 да донираат конвалесцентна плазма, да ја зголемиме шансата за успешен исход за секој којшто се бори против коронавирусот. Дарувај крвна плазма, СПАСИ ЖИВОТ!, гласи фејсбук статусот.
