УХМР: Сончево со мала облачност и ветар, температурите до 21 степени
31.03.2021
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во повисоките места, и повремено засилен ветар претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до шест степени, а максималната од 13 до 21 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветар. Минималната температура ќе се спушти до три степени, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Од УХМР информираат дека ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а од петок следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи. В недела се очекува опаѓање на дневните температури.
Минималните температури ќе се движат од минус еден до осум степени, а максималните од 14 до 23 степени.