Приведен 59 годишниот маж кој и се закануваше на малолетничка дека ќе ја силува
22.04.2021
Приведен е возрасниот човек кој пишуваше недолични и вознемирувачки пораки на 15 годишни девојчиња заканувајќи им се дека ќе ги киднапира и ќе ги силува.
Станува збор за 59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, кој престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе. Извршен е и претрес во домот на М.А. во светиколското село, каде што приведениот маж престојувал. Мажот кој се закануваше и праќаше еротски фотографии е приведен поради сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А.(63) во сeло Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот.
По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.