Претпладне променливо облачно, на пладне и попладне дожд и грмотевици
Објавено на 10 јуни, 2021 во 11:57
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.
Во Велес и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Во пладневните и попладневните часови се очекува нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмотевици.