Сообраќајот се одвива без проблеми
Тековно, без забрани и застои се одвива сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјата . Коловозите се претежно суви, опесочени и проодни. Заради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места.
Според информациите од ЈП „Македонија пат“, поради магла утрово намалена видливост имаше во Битола – 150 метри, Прилеп – 60 метри и Градско-30 метри.
Во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци
Сообраќајот се одвива без проблеми!
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Внимателно возете на автопатот Е-75 на патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово каде поради изведување работи на електричната мрежа, осветлување, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Има поставено сообраќајна сигнализација на патот која треба да се почитува
Исто како и на патниот правец Демир-Капија-Смоквица каде се преместува осветлувањето во тунелот кај Демир-Капија и сообраќајот по потреба се одвива по една сообраќајна лента.
АМСМ препорачува внимателно да се вози на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.
Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.