На ГП „Богородица“ се чека околу 30 минути

Објавено на 4 јули, 2022 во 09:23

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од Македонија на ГП „Табановце“ е од 15 – 30 минути, за излез од Македонија на ГП „Богородица“ е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Од Авто Мото Сојуз на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.