На ГП „Табановце“ се чека половина час, сообраќајот на дражвните патишта се одвива непречено

Објавено на 23 август, 2022 во 09:19

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце чекањето е околу половина час за излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.