Новата работна недела започнува со поладно и врнежливо време

Објавено на 3 ноември, 2025 во 08:42

„Од северозапад преку Алпскиот регион кон територијата на Македонија  доаѓа влажен и поладен воздушен бран кој што од денеска, понеделник, 3 ноември, во попладневните часови  до вторник, 4 ноември, ќе услови повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Се очекува да  наврнат околу 15 литри на метар квадратен дожд. Особено утре,  вторник ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Со овој бран на врнежи, повремени локални врнежи од дожд ќе има и во Скопје  и околината кои што во вторник ќе бидат проследени со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Исто така ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Поради падот на температурите во вторник на највисоките места на планините Пелистер, Шар Планина, Кораб и Солунска глава ќе има услови за провејување на снег. Во вторник температурите ќе бидат пониски поради продорот на поладниот воздух од северозапад  и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени а во Скопје  и околината максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.