Облачно и свежо, во западните и јужните делови со повремен дожд
Објавено на 1 октомври, 2021 во 09:25
Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.