Облачно и топло време, попладне можни невремиња проследени со град

Објавено: 25 август, 2026, во 07:33 часот

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови наместа се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално се можни и невремиња проследени со силен ветер и со град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 13 до 19 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 29 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во делови од Скопската Котлина попладне има услови за краткотраен пороен дожд и за грмежи, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.