Облачно и врнежливо време, на планините снег

Времето денеска облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег. На места врнежите ќе бидат поројни и обилни, особено попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен.
Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите утре ќе преминат во снег и на повисоките места, а до крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, главно во северните и источните делови.
Во среда и четврток претпладне ќе има стабилизација со разведрување и ниски утрински температури, а потоа повторно следува период на променливо време со повремен дожд.
