Од утре на сила нови мерки, угостителските објекти со работно време до 23:30
Објавено на 11 мај, 2021 во 14:30
Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека од утре на сила ќе стапат новите мерки кои ги усвои Владата на денешната редовна седница.
– Полицискиот час ќе започнува од 24:00 часот, а ќе трае до 04:00 часот наутро наредниот ден. Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители, гости во отворениот дел од угостителскиот објект е до 23:30 часот.Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор. Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, напиша Филипче на Фејсбук.