Паѓа бројот на заразени и хоспитализирани од Ковид-19
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, минатата недела во период од 4 до 10 април забележано е дека продолжува да се намалува бројот на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19. Процентот на позитивност се движи од 2,4 до 10,6 проценти, просечно 7,3 отсто.
Во текот на минатиот ден, согласно податоците од ИЈЗ направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19. Оздравени се 246 пациенти и починато е едно лице од Демир Хисар на 68-годишна возраст во болнички услови.
Од новозаболените, најголем број се од Скопје-83, а активни се 583 случаи во главниот град. Во Берово, Дебар, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пробиштип во моментов нема активни случаи на коронавирусот.
Заклучно со 6-ти месецов се вакцинирани 873 332 лица со барем една доза вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853.786 лица, а со трета доза 155.817 лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.986.783 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 307 967, бројот на оздравени пациенти е 297 600, на починати е 9 256, а активни се 1 111 случаи.