Патниот правец Кочани – Пониква за време на викендот ќе биде затворен за сообраќај

Објавено на 13 мај, 2022 во 09:50

Поради одржување на меѓународен авто натпревар за ФИА-ЦЕЗ (ФИА-Централно Европска Зона) на 14.05. и 15.05, патниот правец Кочани – Пониква ќе се затвора за сообраќај и двата дена од 11:00 до 16:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.