Заев и Шекеринска во Брисел
Објавено на 5 јуни, 2014 во 07:48
Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска ќе престојуваат во Брисел.
Предвидено е тие да имаат средби со претставници на Партијата на европски социјалисти како и состанок со комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.
Заев и Шекеринска, како што се вели во партиското соопштение, ќе стават акцент на актуелната политичка ситуација во Македонија по изборите и можните излезни решенија што ги предлага СДСМ.