Попис во септември ќе има, се нуди висок хонорар за попишувачи
Објавено на 19 август, 2021 во 10:16
-Пописот е веќе договорен, по барање на сериозен учесник во нашето општество, а тоа е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Толеранцијата е доблест на владејачките партии, на чело со СДСМ, кои тоа го прифатија и еднаш го одложивме пописот што сега ќе се спроведе од 5 септември, изјави премиерот Зоран Заев.
Попишувачите за 25 дена анкетирање ќе можат да земат од 25.000 до 45.000 денари, но сепак постои слаб одзив кај граѓаните. Надлежните апелираат граѓаните да се пријават како попишувачи, посебно во реоните каде што има дефицит.
Рокот за пријавување на огласот е продолжен до 25 август. Статистичката операција треба да започне на 5 септември и да трае до крајот на месецот.