Попоски: Викендов од североисток нагло ќе ни продре многу ладен воздух
Објавено: 24 декември, 2025, во 09:34 часот
Викендов од североисток во Македонија ќе ни пристигне многу ладен воздух и ќе предизвика локално да првејува слаб снег особено што е важно е тоа дека ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе биде доста силен и ќе достигнува брзина од над 80 км/час, пишува Метео аларм.
– Токму поради очекуваниот силен ветер кончено очекувам расчистување на воздухот во котлините во Македонија. Наутро температурите овој викенд ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени. Уште поладно утро ќе имам во понеделник, 29 декември, кога температурите тоа утро ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени а на повисоките населени места и на планините тие ќе се спуштаат и под -10 степени, објасни метеорологот Славчо Попоски.
Доаѓа многу ладно време па така топлата облека нека ви биде подготвена.
Дума.мк


