Поповски: Oбилни дождови, грмежи и силен ветер

Објавено: 7 ноември, 2025, во 08:19 часот

„Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па до вторник, 11 ноември, во Македонија ќе има нови повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец, до околу 60 км/час.

И во Скопје  и околината ќе има повремени врнежи од дожд наместа  пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец, до околу 60 км/час.

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог,над 30 литри дожд на метар квадратен.

Температурите, нема да бидат многу ниски, околу или малку над просекот за овој дел од годината,во интервал од 11 до 18 степени, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.