Поповски: Времето ќе биде претежно сончево, со сосема мали услови за локален дожд

Објавено на 11 јуни, 2025 во 09:03

Пред нас е период на многу попријатно време со пониски максимални дневни температури на воздухот, и тоа поради продорот на посвежа воздушна маса од север кон Македонија. Во ваква ситуација, повремено ќе засилува ветер од северен правец, особено во сабота,14 јуни, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

„Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак, во попладневните часови повремено ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Што се однесува до температурите, како што погоре напоменав, тие ќе бидат значително попријатни за разлика од изминатите неколку денови кога беше многу топло. И во следниот период тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени во Повардарието. Во Скопје  и околината температурата во следнит период ќе се искачува до околу 32/33 степени,“ додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.