Поповски: Значително потопло време со натпросечно високи температури и повремен дожд

„Под влијание на јужно и на југозападно струење, на висина кое ќе услови прилив на значително потопол воздух и натпросечно високи температури, за овој период од годината, температурите во деновите кои што се пред нас ќе се искачуваат до околу 20 степени а на повеќето места ќе надминуваат 20 степени. И во Скопје и околината во деновите кои што се пред нас температурата ќе надминува 20 степени.
Особено во петок, 24 октомври, ќе дува повремено засилен ветер од југозападен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 70 км/час. И во Скопје и околината во петок ќе дува повремено засилен ветер од југозападен правец.
Времето деновиве ќе биде многу променливо со повремени локални врнежи од дожд. И во Скопје и околината до крајот на оваа недела ќе имаме многу променливо време со повремен локален дожд, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.


